22.01.2018

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари го посети Јавното претпријатие “Комуналец”, при што беше запознат со предизвиците со кои се соочува ова претпријатие.

Директорот на претпријатието Исак Лазами го запозна Таравари дека како последица на лошото раководење во минатиот мандатот, ова претпријатие се соочува со многубројни проблеми, особено од финансиски и материјален аспект. Тој, исто така, го извести градоначалникот дека за овие два-три месеци откако е на чело на претпријатието успеал да формира ефикасен менаџерски тим и дека работите почнале да се движат во позитивна насока, реализирајќи и неколку важни проекти покрај секојдневните активности.

Градоначалникот Таравари го охрабри директорот Лазами за работата што ја врши, уверувајќи го дека ќе има постојана поддршка од Општина Гостивар, за да ова претпријатие може успешно да ги обавува услугите кои ги покрива, а кои се од витално значење за граѓаните на Гостивар.

Вреди да се спомне дека дел од многубројните злоупотреби во ЈП Комуналец беа објавени во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ”, а посебна комисија работи на откривaње на други случаи, со кои ќе биде запозната јавноста.

Служба за информирање