08.11.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска одржа прес-конференција во која изрази сочувство до семејството Меџити за губење на нивната ќерка и ги отфрли гласините што беа ставени на јавноста со ставот дека овој случај ќе биде неуспех на општинско раководство и дека некој ќе има политичка корист од оваа многу болна несреќа.

Во продолжение, целосно го преведуваме говорот на градоначалникот Таравари.

“Во мое лично име и во име на сите гостиварци, би сакал на семејството Меџити да им изразам најискрено сочувство.

Како што знаете, на 5 ноември, почина една млада девојка. Девојка која никогаш не би знаела дека со нејзината смрт, ќе стане политичка игра и шаховска фигура.

И покрај гневот акумулиран овие денови кои сме ги броиле со часови, јас и мојот тим нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи, ќе ја сочуваме почитта кон споменот за ова девојче и за семејството Меџити.

Според полицискиот извештај, точно е појаснето зошто и како се случила несреќата. Се што произлезе од гласините што се поајвија побрзо од самата вест за смртта, не е точно.

Вистината е најтешка, нејзината загуба!

Секој новинар, граѓанин, политичар или криминалец кој себеси се нарекува поинаку, е слободен да оди и подетално да се информира во полиција што се случило. Јас не давам никаков детал кој поткопува во раната предизвикана од оваа голема загуба за семејството Меџити.

На ова семејство, исто како и нам ни е јасно како тоа се случило, a што е само несреќа која не е предизвикана од никаква небрежност, туку само од судбината која се поигрува со вакви трагедии.

Би ве замолил да покажете респект во овие тешки часови за семејството Меџити. Особено ова барање гио упатувам до оние кои се заслепени од копнежот за власт и сакаат да прават политика со човечка трагедија.

Тука до мене требаше да биде таткото на починатата, но тој веќе 3 часа е во полициј. Претпоставувам дека го држат во полиција со цел да се изврши квалитетна истрага, а не се некаква позадина да не учествува на оваа прес конференција.

Јас сум лекар по професија, но никогаш не научив како да бидам цврст во вакви случаи. Нека младата девојка биде близу до Бога! Им благодарам на гостиварци за покажаната солидарност во анксиозните часови додека се трагаше по телото. Го молам Бога, на сите нас а особено на семејството Меџити, да ни ја ублажи болката на она што заминува и никогаш не се враќа.

Ова е една од најтешките прес-конференции што сум одржал, да даде Господ да биде и последна од ваков вид!

Нека почива во мир!”

Служба за информирање