28.02.2018

Во организација на Светската банка – Австриска програма за урбано партнерство, на 26 и 27 февруари во Виена, се одржа симпозиум на градоначалници на тема Одржливост и вклучување во урбаниот развој во Југоисточна Европа – Градовите за народот.

Во овој симпозиум учествуваа 150 градоначалници и претставници на локални самоуправи од седум земји од Југоисточна Европа, учествуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Учесниците на симпозиумот имаа можност да се запознаат со напредокот и иновативните случувања во градовите на Југоисточна Европа и пошироко.

“Ова беше добра можност да дискутираме за одржливоста на локалниот развој, одговорноста и вклучувањето на јавноста во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните”, вели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Градоначалникот Таравари, престојот во Виена, го искористи и за средби со наши сограѓани кои живеат и работат во Австрија.

Служба за информирање