24.04.2018

Амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, му ги предаде клучевите на две амбуланти коли – турска донација за потребите на Општата болница во Гостивар.

Оваа донација беше договорена уште во времето кога Арбен Таравари беше министер за здравство, а предавањетос случи денес.

Амбасадорката Кара, претходно беше во посета на Општина Гостивар. Во пријателска атмосфера, турската амбасадорка и градоначалникот Таравари разговараа за актуелната состојба и предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар.

Инаку, ова беше втората посета на турската амбасадор Тулин Еркал Кара во Гостивар за време на мандатот на градоначалникот Арбен Таравари.

Служба за информирање