14.04.2018

По нивелизацијатана земјиштето и вградувањето на подземниот систем за наводнување во големиот градски парк на десната страна на реката Вардар, работите полека одат кон финализација. Во моментот се работи на уредување на пешачката патека, односно поплочување со бекатонки.

“Пролетта би ја нарекол како годишно време на нашето  претпријатие. Ги уредуваме сите зелени површини, засадуваме декоративни дрвја, се поставуваат нови клупи со што ќе им се овозможи на граѓаните на Гостивар да уживаат во пролетната сезона”, вели Музафер Зулебари, директор на ЈП “Паркинзи и зеленило”, претпријатие кое што ги изведува работите.

Покрај уредувањето на градскиот парк, редовно се работи и за подобрување на состојбата на зеленилото во сите други јавни површини, како што се дворовите на колективните згради, зелениот појас на булевардите, малите паркови низ градот и други јавни површини, а се отстранува и непожелната вегетација по должината на реката Вардар и покрај локалните и регионални патишта на подрачјето на општина Гостивар.

Служба за информирање