26.12.2018

Центарот за Заедничка Основа (CFCG), со поддршка на Британската амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, во соработка со Општина Гостивар ќе го спроведат проектот “Јакнење на отпорноста локалните заедници кон насилен екстремизам во Македонија”, при што во четвртокот (27.12.2018) ќе организираат спортски и културни настани кои ќе вклучуваат елементи на соработка, комуникација и поврзување на децата со различно етничко потекло.

Во 12:00 часот во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев” ќе се одржи турнир во шах, во 13:00 часот во спортската сала на ООУ “М.Ќ. Ататурк “ќе се одржи турнир во мал фудбал, а во 14:00 часот во спортската сала на ООУ „Исмаил Ќемали” ќе се одржи турнир во баскет. Организаторите предвиделе симболични подароци за учесниците, а спортските реквизити кои ќе се користат во активностите ќе им бидат донирани на училиштата.

Служба за информирање