Здружението на граѓани НЕКСУС – Граѓански Концепт (НЕКСУС), ќе го промовира ставањето во функција на Платформата  Prijavi.mk. Промоцијата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Гостивар со почеток во 10:00 часот .

На промоцијата поканети се граѓански организации, институциите, донатори,  како и сите засегнати страни кои соработувале или биле дел од проектот,  а поздравно обраќање ќе има градоначалникот Арбен Таравари.

Платформата има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во утврдувањето и решавањето на секојдневните локални проблеми.  Целта на Prijavi.mk е да поттикне поголема интеракција помеѓу единиците на локалната самоуправа и граѓаните, да создаде атмосфера на поголемо граѓанско учество, преку која граѓаните ќе можат  директно да ги искажат нивните жалби и поплаки, а со тоа да вршат  и следење на работата на локалната власт.

Prijavi.mk е создадена врз основа на отворената платформа FixMyStreet на mySociety и обезбедена преку DemTools од National Democratic Institute (NDI).

Платформата е дел од Проектот „Граѓаните за општината: Заедно за транспарентност и одговорност“, имплементиран од

З.Г. НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје.

Слуѓба за информирање