13.04.2018

Учениците од четврто одделение во Основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во придружба на нивните учителки, денеска беа во посета на Општина Гостивар, за да се запознаат како функционира локалната власт.

За време на посетата тие се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари, а ја посетија и салата на Советот на Општина Гостивар, како и канцелариите на општинската администрација.

Градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет, ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа со јазик разбирлив за нивната возраст, посакувајќи им кога ќе пораснат да станат дел од општинската администрација, да преземат раководни позиции, а некој од нив да стане и градоначалник.

За време на посетата, 55-те ученици од трите паралелки од IV одделение во ООУ “Гоце Делчев”, на градоначалникот и на неговите соработници им поставија толку содржински прашања, што дури и возрасните би им завиделе.

Служба за информирање