14.11.2017

Регионален советник за вода и управување со отпад при Швајцарската амбасада во Македонија – Клиф Хамер, во придружба на Бујар Ибиши и Станислава Додева, денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Посакувајќи му успех на градоначалникот Таравари во новата функција, Хамер се заинтересираше за неговата работа во првите денови од мандатот.

При оваа прилика, тој го запозна градоначалникот на Гостивар со двата нови проекти кои наскоро треба да започнат да се имплементират а се финансирани од Швајцарската влада.

Регионалното управување со отпад е проект финансиран од Швајцарската амбасада во соработка со Полошкиот плански регион. Другиот проект сае однесува на усвојување план за заштита од поплави којшто ќе се спроведува од страна на УНДП, а исто така ќе се финансира од швајцарската амбасада.

Со донесување на овој план, Гостивар ќе биде првата општина во Македонија со план за превентивна заштита од поплави.

При посетата во Гостивар, делегацијата од Швајцарската амбасада престојуваше и во село Вруток, каде што одблизу се запознаа со завршните работи од првата фаза од изградбата на резервоарот за вода за пиење, проект финансиран од страна на Швајцарското федерално одделение за економски прашања СЕЦО

Служба за информирање

.c-article-list .article-image a { height: 250px; }