08.11.2019

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ве поканува да учествувате во:

ЈАВНА ДЕБАТА
за Предлог-Развојна програма на Општина Гостивар за 2020 година

Дебатата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Гостивар во понеделник (11.11.2019) со почеток во 11:00 часот.

Учесниците во дебатата ќе можат да ги изложат своите забелешки, предлози и сугестии во врска со предложената Програма. Сите разумни предлози ќе бидат разгледани и вклопени во Предлог-програмата.

Ги охрабруваме општинските советници, експертите, невладините работници, претставници на месните заедници и заинтересираните граѓани во општо, да учествуваат во дебатата и да придонесат за заеднички развој на Предлог-развојна програма на Општина Гостивар за 2020 година, со цел истата да ги отсликува реалните потреби на граѓаните и да биде применлива.

Служба за информирање – Општина Гостивар