Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Гостивар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:
• Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Гостивар, корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита и доверителот
• фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).
Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.
Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Едношалтерски систем на Општината или да ја преземат од веб-страницата на Општина Гостивар – www.gostivari.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Гостивар.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во Едношалтерската канцеларија на Општината Гостивар (од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден), на ул. „Бул. Браќа Ѓиноски“ бр.61, 1230 Гостивар.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Гостивар, на веб-страницата на Општина Гостивар и во печатен медиум.

Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Гостивар ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Гостивар ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

П Р И Ј А В А На побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

ГРАДОНАЧАЛНИК
Arben Taravari