Почитувани граѓани нa општина Гостивар,

Во сабота (21.09.2019) во 10:00-12:00 часот, на ниво на општинa Гостивар, ќе се одбележи Светскиот ден на чистењето.

По тој повод, во соработка со Месните заедници и јавните општински инстуции, ке се организира широка акција за чистење на јавните површини во нашaта општина.

Апелираме до сите вас, независно од возраста и полот, да стaнете дел од оваа aктивност и да придонесеме заедно за почиста средина и подигање на свеста за јавната хигиена.

Подетални информации за текот на активностите, ќе можете да добиете во Општина Гостивар, Месните заедници и соодевтните институции.

Со почит,
Арбен Таравари,
градоначалник на Општина Гостивар