12.08.2019

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Гостивар, во тек се подготвителните работи за асфалтирање на едне крак на улица “ЈНА“ спроти Приватниот колеџ “Јахја Кемал”.
Улицата е со должина 183 метри, a просечната широчина изнесува 8 метри.

“Иако овој дел од градот е населен од пред неколку децении, досега не била асфалтирана улицата. Проектов е дел од Развојната програма на Општиан Гостивар и се финансира со сопстевни буџетски средства на општината. Проектот тежи 1.627.012 денари, согласно градежна дозвола УА 1 бр.18-112, a градежните работи ги изведува претпријатието „Магнум Транс-Р, според договорот 24-2217/17”, вели Бесим Догани од ЛЕР канцеларијата при Општина Гостивар.
Вредида се напомене дека неколку дена пред започнување на работите за асфалтирање на оваа улица, заврши целосната реконстркуција на улица “Слободан Пепоски“ во централнот градско подрачје.

Служба за информирање