09.02.2018

Општина Гостивар има добиено грант oд УНИЦЕФ во вредност од околу 18 илјади евра за отворање на два центри за ран детски развој. Една паралелка за деца на 3 до 5 годишна возраст ќе се отвори во село Форино, а другата во селото Равен.

Според потпишаниот меморандум за соработка со УНИЦЕФ, Општина Гостивар се обврзува да кофинанцира 10 илјади евра, средства кои се потребни за да се исполнат сите неопходни услови за училниците  кои ќе функционираат во рамките на постојните училишни згради.

Од страна на Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти при општина Гостивар, информираат дека по следењето на соодветните процедури веднаш ќе се помине на реализација на соодветните работи и Центрите за ран детски развој во Форино и Равен да почнат да функционираат во текот на оваа година.

Општина Гостивар ќе се ангажирада преку грантови и со сопствени буџетски средства, да отвори што повеќевакви центри и со згрижување и воспитување, да бидат опфатени и децата од предучилишна возраст од подалечните рурални средини.

Служба за информирање