Акцијата “Со срце дарувај, ученик израдувај”, израдува над 500 основци од општина Гостивар

,

12.09.2019

Акцијата „Со срце дарувај, ученик и израдува“ резултираше со бројни донации за ученици од социјално загрозениу семејтва.

Оваа акција беше иницирана и организирана од страна на Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, во соработка со општинските основни училишта, два супермаркета и неколку книжарници од градот.

Собраните донации, односно над 500 чанти и друг училишен прибор, беа дистрибуриани неделава по училиштата.

Како што информира раководителот на секторот за јавни работи, г-ѓа Аслиан Снопче, покрај многубројните родители кои донираа училишен прибор, менувачницата Алпина подари 100 чанти, супермаркетот ЕТЦ донираше 60 чанти, Бени Бетон 50 чанти полни со училишен прибор, и универзитетот Визион 50 училишни чанти.

„Гостиварци уште еднаш ја докажаа на делов нивната хуманост и солидарност. Успехот на оваа акција ги надмина дури и нашите очекувања. Ова не е првпат заинтересираните да донираат за ученици од семејства со понизок економски стандард на почетокот на учебната година, но овој начин на организирање овозможува повеќе лица и субјекти да станат дел од акцијата и донациите да стигнат до сите оние кои имаат потреба. Затоа, планираме вакви акции да организираме и во наредните години “, вели г-ѓа. Снопче.

Основните училишта, како урбаните така и руралните, ќе се погрижат самките за донациите да стигнат токму кај учениците кои имаат најголема потреба.

Општина Гостивар им се заблагодарува на сите родители и донатори, како и на супермаркетите и книжарниците кои станаа дел од оваа акција.

Служба за информирање