Албанскиот амбасадор Фатос Река и почесниот конзул Имер Селмани, на сочувтсво кај градоначалникот Таравари

19.02.2019

Албанскиот амбасадор во Скопје, Фатос Река и почеснипот конзул Имер Селмани, денеска се сретнаа со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за да му изразат сочувство нему и на граѓаните на Гостивар за загинатите во 13 февруари и да му посакаат што поскоро оздравување на повредените.

“Амбасадорот Река, дојде на посета во нашата општина за да изрази сочувство до граѓаните на Гостивар, но и на мене како градоначланик за загинатите во трагедијата што се случи пред неколку дена. Јас го информирав амбасадорот дека постојано сум во контакт со медицинските екипи и хоспитализираните пациенти и дека повеќето од нив се во стабилна состојба и дека тројца пациенти се во критична состојба, но се надевам дека ќе се надмине оваа ситуација, бидејќи верувам во капацитетот на медицинскиот персонал и дека станува збор за релативно млади пациенти. Инаку, треба да напоменам дека со амбасадорот имаме мошне коректни и пријателски односи, но исто така и контакти за потенцијални инвестиции на албанските бизнисмени во Македонија”, изјави Таравари по средбата.

Амбасадорот Река, рече дека со почесниот конзул Имер Селмани дојдени се денес во Општина Гостивар за да се му изразат на Таравари сочувство и да му посакаат што поскоро опоравување на повредените и врашање во нвините домови.

“Ние се солидаризираме со вашата болка и подготвениме сме да дадеме сè што ви е потребно. Посакуваме повредените да се опорават што е можно поскоро. За оваа толку тешко несреча, многу е тешко да се најдат зборови на утеха “, истакна Река.

Негово сочувство до гостиварци и членовите на семејството на загинатите изрази и почесниот конзул Имер Селмани

“Да даде Бог никогаш да не се повтори ваква трагедија и нека ова биде поука за државните институции дека треба многу повеќе мерки да се преземат за да се избегнат вакви трагедии”, истакна меѓу другото Селмани.

Служба за информирање