Валбон Лимани учествува на традиционалната конференција „Зајакнување на советите на општините“

Претседавачот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, во изминатите три дена учествуваше на традиционалната годишна конференција што се организира во рамки на проектот „Зајакнување на советите на општините – фаза 2“.

На оваа конференција се разговараше за подобрување на функционирањето на советите во единиците на локалната самоуправа, особено имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат општините како резултат на актуелната криза.

Исто така беа презентирани и наодите од Извештајот од анализата за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Проценката на влијанијата на кризата во Украина врз општините во Северна Македонија.

На конференцијата се разговараше и за резултатите од истражувањето за задоволството на граѓаните од локалната самоуправа за 2022 година.