“Вистината за ДУИ” – По 5 илјади евра месечно повеќе му се исплатувале на приватниот партнер за зонско паркирање во Гостивар

,

08.02.2018

Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ”, денеска прес-конференција одржа портпаролот на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило”, Расим Абдул, при што информираше за спорниот договор склучен во минатиот мандат, со приватниот партнер за зонско паркирање.

“Како што информиравме на минатата прес-конференција во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ ЗА неправилностите кои ги воочивме  во ова претпријатие, денес ќе го одвоиме  склучениот договор за зонско паркирање помеѓу нашето претпријатие и приватниот партнер “Дуна Компјутерс” од Скопје. Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот предвидени се 38% за горенаведената компанија и 62% за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била направена во бруто. Значи, јавното претпријатие е оштетено просечно по 300.000 денари, или пет илјади евра месечно”, изјави Абдули.

Тој искористи прилика да ги информира граѓаните на Гостивар, дека поради овие злоупотреби, од вчера договорот со приватниот партнер е раскинат,в и дека  паркирањето ќе биде слободно во неопределено време.

“Ги разгледуваме сите можности, се надеваме на што подобро решение и сигурно ќе ве информираме во наредните денови за конечното решение”, изјави портпаролот на компанијата, Абдул Расим.

Информативна служба