Во градот Гостивар и некои села, cе одбележа Светскиот ден на чистењето

,

21.09.2019

Општинската администрација, некои села каде што се активни месните заедници, еколошки организации и граѓани кои се грижат за здрава животна средина, се вклучени во акцијата организирана од страна на Општина Гостивар за одбележувањето на Светскиот ден на чистењето.

Во чистењето на јавните површини се вклучи и градоначалникот на Гостивар, Арбен Тараваи кој заедно со општинските службеници, активисти и други граѓани собираше отпадоци на улиците и другите јавни места во градот.

– Целта на оваа акција е да се подигне свеста на граѓаните за одржување на чиста и здрава животна средина. Јавното претрпијатие ги извршува своите должности редовно, но за да имаме почист град, сите граѓани мора да се грижат да не фрлаат отпадоци и на различни начини, како што е денешната акција, да придонесат за почиста и поубава средина. Како што можете да видите, се вклучија неколку здруженија кои се фокусирани на заштитата на животната средина, како и некожлку месни заедници, но за жал директорите на училиштата не ни се приклучија и не овозможија оваа акција да биде помасовна и да вроди со љубов кон чистотата кај наредните генерации на кои најмногу тоа им е потребно“, изјави градоначалникот Таравари.

Претседателот на Здружението ГВ Еко, Ахмет Салмани рече дека јавната чистота, не само што позитивно влијае на нашето здравје, туку и му дава поубав изглед на градот. Додека претседателката на невладината организација ИГИ, Сунчица Ѓурчиноска рече дека денес секој родител требаше да ги земе своите деца и да се приклучи на оваа акција, бидејќи навиките за чиста и здрава животна средина се создаваат уште од раното детство.

Градоначалникот Таравари го посети и Чајле, каде беше пречекан од претседателот на месната заедница, Синан Елези, кој го информираше за текот на акцијата. Таравари му честиташе на Елези за одличната организација и генерално за резултатите кои ги забележува оваа месна заедница.

Служба за информирање