Генералка викенд 2022

Општина Гостивар се приклучи на акцијата “Генералка викенд 2022“ организирана од страна на Друштвото “Човекот и планината“ (Man and Mountain) како дел од активностите коишто ги реализира за придонесување за подигање на јавната свест и за позитивно влијание за заштита на животната средина.

Во оваа прилика, заедно со јавната администрација, работниците од јавните претпријатија и учениците од основните и средните училишта, изведовме акција вдолж шеталиштето на реката Вардар и на другите делови од градот како и на дворовите од училиштата.

 Исто така претставивме и некои информативни табли за реката Вардар.
Благодарност до секој поединец што се приклучи на оваа симболична но акција од голема важност за нашиот град.