Гостивар го одбележа Светскиот ден за борба против аутизмот

,

02.04.2018

Светскиот ден за борба против аутизмот, во Гостивар се одбележа со многубројни активности. Во одбележувањето на овој ден, покрај Општина Гостивар се вклучија Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар, Општинската организација на Црвен крст – Гостивар, ООУ “Единство“ – Гостивар, бизнис секторот, како и граѓански здруженија и експерти од Македонија и Албанија кои се занимаваат со третман на децата со аутизам.

Активностите започнаа со марш за подигање на свеста за борба против аутизмот, од Дневниот центар до градскиот плоштад, каде што ресторанот “Њу Албис“ од Гостивар, подели 70 оброци за децата со аутизам. Учесниците на маршот беа облечени во маички на кои беше испишано мотото: “Shine on light of autism” (Светлосни зраци за аутизмот).

Во ООУ “Единство“ во соработка со ОО ЦК – Гостивар се организираше хуманитарен пазар, а собраните средства се наменети за помош на едно сиромашно семејство со дете со посебни потреби.

Активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против аутизмот се заокружија со предавање во салата на Советот на Општина Гостивар на тема: Да ги надминеме разликите, да запознаеме еден друг“. На предавањето учествуваа претставници од Секторот за јавни дејности на Општина Гостивар, педагози и психолози од општински основни училишта, дефектолози и логопеди од гостиварското подрачје, како и родители на деца со аутизам, а предавачи беа познати експерти од дневни центри за деца со аутизам во Албанија.

Вреди да се напомене дека активностите за отворање на центар за деца со аутизам во објектот на Општинскиот ученички дом “Бранко Станоевиќ“ – Гостивар се влезени во завршна фаза и се очекува наскоро истиот да биде ставен во функција.

Служба за информирање