Гостивар – Координативно тело за ефикаснo и безбеднo доставување на хуманитарната помош

31.03.2020

Предлогот од вчерашниот редовен состанок на Кризниот штаб на Гостивар за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, за формирање на Координативно тело за ефикасно и безбедно дистрибуирање на пакети со прехранбени производи и средства за хигиена и дезинфекција, се оствари денес.

На денешната средба, со која претседаваше градоначалникот на Гостивар, Aрбен Таравари, присуствуваа претставници на Општинската организација на Црвениот крст – Гостивар како и на многу невладини организации и хуманитарни здруженија кои дејствуваат на поширокиот гостиварски регион.

Се одлучи распределбата на храна за семејства со социјален ризик и на старите лица и лица со здравствени проблеми да се врши  преку волонтерите на ОК на Црвениот крст во Гостивар, како и други лица кои во меѓувреме ќе бидат обучени за безебдна дистрибуција на хуманитарна помош.

Градоначалникот Арбен Таравари рече дека ова унификација во овој период доаѓа како дополнителна мерка за заштита на граѓаните од пандемијата на ЦОВИД 19.

На Црвениот крст ќе му помага новоформираното Координативно тело во чиј состав ќе има претставници од локалната самоуправа и од хуманитарните здруженија.

Градоначалникот Таравари исто така нагласи дека ќе се заложи да  во четвртокопт или во петокот, да се организира еднодневна обука од страна на Институтот за јавно здравје и Клиниката за инфективни болести, со цел да се зголеми бројот на овластени волонтери за ваков вид активности во состојба на епидемија.

За претседател на Координативното тело се избра Лулзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ од Гостивар, а членови ќе бидат секретарката на ОО Црвени крст – Гостивар, Мерита Алили, раководителката за социјални рпрашања при Општина Гостивар, Афердита Хамза и по еден претставник од здруженијата кои собираат и дистрибуираат хуманитарна помош.

Служба за информирање