Градоначалникот Арбен Таравари го посети Здружението на лица со оштетен вид “Реалитети” од Гостивар

22.12.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници го посети Здружението на слепи и лица со оштетен вид “Реалитети”. Првично, претседателот на здружението, Џеват Фејзули му се заблагодари на градоначалникот Таравари што лично побарал да се сретне со членовите на ова здружение, а потоа го запозна со активностите и со предизвиците со кои се соочува ова здружение.

“Ние сме невладина организација која не се финансира од страна на државата, но благодарение на нашата посветеност и луѓето со добра волја, успеваме да реализираме некои помали активности и да им помогнеме на нашите членови да се справат со предизвиците на животот. Нашето здружение брои 62 члена и имаме прилично скромна годишна програма, со некои активности кои не се скапи”, го информираше Фејзули градоначалникот Таравари.

Тој му се заблагодари и на новиот директор на ЈП Комуналец, Исак Лазами, каде што се наоѓа седиштето на здружението, што им овозможи да го користат централно греење и дека покажува интерес да им помогне.

Градоначалникот Таравари побара од присутните членови да ги искажат нивните проблеми и слободно да побараат помош за било кое нивно барање.

“Не само барањата кои сега ќе ги искажeтe, туку било која потреба што ќе се ви појави, слободно контактирајте не било мене како градоначалник, било општинските служби, а и директорот на јавното претпријатие . За се што е можно во рамките на нашите надлежности, ќе ви биде понудена помош. Ќе ви помогнеме со канцелариски материјали и друга логистичка поддршка. Ќе се ангажираме за организирање на семинари и работилници со стручни лица кои се занимаваат со третман на лица со оштетен вид. Во соработка и со приватниот сектор ќе ви овозможиме да организирате разни настани за кои ќе пројавите интерес”, истакна Таравари.

Меѓу барањата на членовите на здружението беа лицата со оштетен вид да се ослободат од плаќање за вода, ставање ред во сообраќајот за да не се паркираст возилата по тротоари, спуштање на ивичниците кај пешачките премини, изградба на пристапни рампи за лица со инвалидност, бесплатен јавен превоз и други рационални барања.

Градоначалникот Таравари ги увери дека ќе се ангажира за сите овие барања, во соработка и со Советот на општината и други државни институции, како и со приватниот сектор за да се изнајде решение и да се подобри квалитетот на живеење на лицата со оштетен вид и на другите лица со посебни потреби.

Служба за информирање