Градоначалникот Арбен Таравари додели благодарници на компаниите и здруженијата кои помогнаа на загрозени домаќинства од Гостивар

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, во знак на благодарност за даден придонес и солидарност со семејствата со социјален ризик во време на пандемија, денес сподели благодарници за шест правни субјекти во Гостивар.

Станува збор за компанијата „Вардар Доломит“, маркетот „Консум“, Xуманитарната организација „Младинска рака“ од селото Фринo, Хуманитарното здружение „ДАВА – Гостивар“, Xуманитарната организација „Мешечина – Гостивар“ и менувачницата „Алпина“. Во текот на изминатиот период истите тие помогнаа со храна и санитарни производи со стотици сиромашни семејства во поширокиот регион во Гостивар.

Градоначалникот Таравари им се заблагодари на овие субјекти дека благодарение со својата максимална посветеност, многу семејства успеваат да ги задоволат нивните дневни потреби.

Поради ситуацијата, церемонијата беше симболична со прием во канцеларијата на градоначалникот, каде беa доделени благодарниците.

Тој посака успешно да се надмине епидемијата на коронавирус кај нас.