Градоначалникот Арбен Таравари ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на позицијата на женското претприемништво

Во текот на вчерашниот ден 21.10.2022 година во општина Гостивар беше потпишана Декларација за подобрување и унапредување на позицијата на женското претприемништво во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, чија цел е поддршка и унапредување на женското претприемништво на национално и меѓународно ниво.

Декларацијата ја потпишаа градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и претставници на Националната платформа за женско претприемништво.

Општина Гостивар ќе обезбеди системска поддршка за развој на женското претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој во локалната заедница.