Градоначалникот Таравари го посети селото Речане, ќе се интервенира за да се спречи лизгањето на земјиштето

,

21.02.2018

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари го посети селото Речане, при што одблизу се запозна со проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село.

Најпрвин Таравари застана на влезот на селото, каде што како последица од лизгање на земјиштето на главниот пат, една куќа е загрозена. На самото место беше утврдено дека состојбата е алармантна, а градоначалникот Таравари вети итно решавање на проблемот, односно изградба на потпорен ѕид со што ќе се спречи лизгањето на земјиштето.

Таравари и неговите соработници, го посетија и селското училиште. Се утврди дека потребни се одредени интервенции потребни за подобрување на условите во училишната зграда. Како што се интервенираше за поправка на осветлување во ова училиште минатиот викенд, истакна Таравари, ќе направиме и други неопходни интервенции за да им обезбедиме на учениците и наставниците оптимални услови за спроведување на воспитно-образовниот процес.

За време на неговата посета на селото Речане, Таравари се сретна и разговараше со локалните жители кои го го запознаа со проблемите со кои се соочуваат селаните и изразија благодарност што раководството на општината изразува подготвеност да помогне во решавањето на нивните проблеми.

Служба за информирање