Градоначалникот Таравари го пречека амбасадорот на Јапонија во РСМ, Хиронори Севада

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска го пречека амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Хиронори Севада.

Градоначалникот Арбен Таравари ги спомена и донациите на Амбасадата на Јапонија за болницата во Гостивар, а јапонскиот амбасадор Севада истакна дека овие донации чинат 233 илјади евра.

„Се работи за три донации: едната е во село Верток, центар кој е реновиран и им служи на граѓаните, особено на оние граѓани кои ги посетуваат постоечките пештери на територијата на општина Гостивар; вториот е исто така рендген апарат што се користи во Здравствената куќа во село Чегран и третиот е рендген апаратот кој беше дониран овде на Општата болница Гостивар минатата година, пред или за време на кризниот период со Ковид. а денеска од директорот на болницата добивме информација дека за тоа време бил голема поддршка за граѓаните и лекарите ангажирани во оваа болница“, изјави претседателот Таравари.

„Со оваа донација, Јапонија помогна да се обезбеди итна здравствена заштита и операција на белите дробови за пациентите со Ковид 19, бидејќи оваа болница беше и регионален центар за КОВИД за над 150.000 пациенти. Во 2021 година, ковидот беше водечка причина за смртност во Северна Македонија и Јапонскиот народ е горд што му помага на вашето население да има подобри здравствени услуги и тоа го правиме преку Јапонската програма за мали проекти и човечка безбедност (GGP) која е еден од нашите столбови за соработка со Северна Македонија“, изјави амбасадорот Савада.

На средбата исто така се разговараше за можностите за соработка во иднина меѓу општина Гостивар и јапонската амбасада.