Градоначалникот Таравари го промовираше реновирањето на јавните детски градинки во Гостивар

,

28.12.2018

Децата од јавните градинки во Гостивар, со кратка програма, ја прославија Новата година. Во нивното славење им се придружи и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и раководителката на Секторот за јавни дејности, Аслиан Снопче.

Денешната прослава во централната детска градинка на ЈУДГ “Детска радост“ се совпадна со промовирањето на неодамнешните инвестиции во оваа и во другите јавни детски градинки во градот Гостивар, со што сега сите ги исполнуваат неопходните услови за дневен престој на децата.

Градоначалникот Арбен Таравари им ја честиташе Новата година на децата со желби за здравје и среќа и им подели симболични подароци.

Служба за информирање