Градоначалникот Таравари го промовираше асфалтирањето и проширувањето на улицата во гостиварското село Дебреше

06.08.2018

Завршија работите за проширување и асфалтирање на дел од главниот пат во населба Дреница во гостиварското село Дебреше. За да ја промовира оваа инвестиција, на терен излезе денес градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Реконструираниот дел има должина од околу 200 метри и беше широк околу 3 метри, со многу оштетен асфалтен слој кој создаваше проблеми во движењето на возилата и пешаците.

Оштетениот асфалтен слој беше целосно отстранет, додека беше поставен нов асфалтен слој од 4.2 метри, ширина доволна за сообраќај со две ленти.

“Во овој дел од улицата речиси четириесет години не се интервенирало воопшто. Во разговор со жителите сфатив дека тие се задоволни со дебелината и квалитетот на асфалтот. Претходно во ова село изградивме канализација и водовод, а наскоро ќе побара поставиме бекатонски плочки во некои улички. Фактички, со тоа ќе ги исполниме дадените ветувања за првата година од мандатот во ова село”, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Јавна благодарност за извршените работи во селото Дебреше, изрази општинскиот советник Бесим Мемеди, како и Агрон Мемеди Бешири – жител на населбата.

Покрај асфалтирањето на улицата во населба Дреница, се асфалтираше и површината предвидена за паркинг во близина на новата селска џамија. Во име на верниците и жителите на село Дебреше, на Општина Гостивар и на градоначалникот Таравари им се заблагодари Амир Елези – имам на џамијата, како и Мустафа Османи – жител на селото.

Градоначалникот Таравари пред медиумите најави дека од утре ќе започне реализацијата на капитални проекти во вредност од околу 2 милиони евра, како што е асфалтирањето на улиците околу ОУ “Гоце Делчев”, асфалтирање на една улица во село Форино, во должина од 1.100 метри, изградба на канализација во село Бањица и други капитални инвестиции.

Служба за информирање