Градоначалникот Таравари одблизу ги виде штетите од поплавите во Падалиште, вети дека наскоро ќе бидат евитирани

,

05.02.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари придружуван од неговите соработници, го посети селото Падалиште каде што поројните дождови предизвикаа оштетување на локалниот пат кој води до селото.

При увидот на самото место беше утврдено дека не само невремето го предизвикало оштетувањето на патот, туку и факторот човек.

“Невремето го има направено своето, но и човечкиот фактор во конкретниов случај влијаел штетите да бидат поизразени. Значи, покрај поројните дождови,   ситуацијата ја имаат влошено работите за  изградба на една мини-хидроцентрала и предизвикана е значително оштетување со кои се отежнува нормалниот текна сообраќајот на оваа патнаделница”, истакна Таравари.

Тој посочи дека увидот на самото место утврди дека како последица на градежните работи се создал теснец воводотекот по должината на патот што води кон село Падалиште и асфалтот не можел да го издржи притисокот од водата.

“Наскоро ќе се изготви записник со кој ќе се утврди причината и висината на штетата и ќе се побара од инвеститорот да ги отстрани последиците, нормално и со наша поддршка како општинската администрација. Значи, ќе бидат преземени брзи и конкретни чекори за надминување на состојбата, а наскоро ќе се врати слободното движење на селаните и на сите оние кои гравитираат по овој пат”, подвлече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Служба за информирање