Градоначалникот Таравари пречека италијански спелеолози – започнува спроведувањето на проектот за истражување на пештерата “Убавица”

14.08.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес прими во неговиот кабинет италијански спелеолози и членови на Спелеолошкиот клуб “Кораб” од Гостивар.

Посетата на италијанските спелеолози во Општина Гостивар се должи на започнувањето на спроведувањето на проектот “Зајакнување на локалните актери за експлорација, истражување и заштита на природното наследство на пештерата Убавица”, проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, и се реализира од страна на Спелеолошкиот клуб “Кораби” во партнерство со Општина Гостивар.

На прес конференција по средбата, градоначалникот Таравари најави проектниот буџетот е 75.800 долари и дека целта на проектот е да се зајакнат вештините и управувањето на локалните актери кои во иднина ќе имаат одговорност да го заштитат, зачуваат и го мониторираат природното наследство на пештерата Убавица во село Ѓоновица.

“Преку овој проект ќе се промовира и збогатена туристичка содржина во Општина Гостивар, преку понуда која ќе овозможи туристичка дестинација за спелеолозите, но и за други лица”, истакна градоначалникот Таравари.

За важноста на проектот и соработката со Општина Гостивар и Здружението Кораби, зборуваше италијанскиот спелеолог Матео Tарtалини, додека претседателот на Здружението “Кораби” – Јетон Османи, се заблагодари на Канцеларијата за имплементација на проекти при Општина Гостивар за успешното изготвување на апликацијата за добивање на овој мошне значаен грант.

Промоцијата на проектот, каде што ќе бидат дадени сите детали околу неговата имплементација, ќе се одржи утре во 11:00 часот во ресторанот “Игнатиа” во Гостивар.

Служба за информирање