Градоначалник Таравари и албанскиот премиер Еди Рама, учесници на Самитот во Брисел

23.11.2017

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и албанскиот премиер Еди Рама ќе учествуваат на годишниот Европски самит “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, менување на динамиката”, кој ќе се одржи на 5 декември во Брисел.

Самитот се организира во соработка со Фондацијата Конрад-Аденауер, УНДП и ЕУЦОМ, со поддршка од Регионалниот совет за соработка (РСС), Европската комисија и Фондот Браќата Рокфелер.

Самитот се одржува непосредно пред усвојувањето на новата стратегија на Европската комисија за проширување во регионот, закажана за почетокот на 2018 година.

На самитот ќе присуствуваат и други личности од регионот и од Европската комисија.

Служба за информирање