Делегација од Општина Гостивар го посети Центарот за аутизам во Тирана. Директорката Бериша ветува стручна поддршка

31.01.2018

Раководителката на Одделението за образование во Општина Гостивар, Аслиан Снопче придружувана од група експерти за деца со посебни потреби во составот Самир Грбле – дефектолог, Арта Арифи Креци – психолог, и Генц Таравари – логопед, го посетија Центарот за аутизам во Тирана.

Во оваа прилика, делегацијата беше примена од директорката на центарот, Лири Бериша.

На средбата, г-ѓа Бериша изрази подготвеност да им помогне на стручњаците и институциите од Општина Гостивар во насока на организирање на обуки и стручни семинари, план-програми, материјали и стручна литература.

Раководителката на Одделението за образование при Општина Гостивар, Аслиан Снопче, посетата во Тирана ја оцени како мошне продуктивна и изрази уверување дека оваа соработка ќе биде делотворна и во корист на институциите, кадрите и децата со посебни потреби во Општина Гостивар.

Служба за информирање