“Денс балет” ги обедини децата од детските градинки од Гостивар

24.07.2018

Во рамките на Културното лето во Гостивар, кое се одржува под мотото “Добродојдовте иселеници”, вчера се одржа Денс балет за деца, каде што настапија деца од сите националности, кои ги посетуваат јавни градинки во општина Гостивар, како и приватна детска градинка “СТАР”.

Специјален гостин на настанот беше Лина Демири – добитник на неколку награди на Фестивали за детски песни, а настапи и балетската група Денс студио предводено од Сарита Селмани.

За доброто расположение на гостиварските полетарчиња, настанот се појавија и неколку маскоти: Елса, Пиратот Џими и Кловнот.

Во рамките на Денот на иселениците, ќе се одржи уште еден настан за деца, а вечерва во програмата е Концертот со илахии, што ќе се одрќи на отворениот амфитеатар во Гостивар со почеток во 20:30 часот.

Служба за информирање