Ден на екологијата – Општина Гостивар ja промовираше Еко-патролаta и мобилниот апарат за мерење на загадувањето на воздухот

21.03.2021

По повод одбележувањето на 21 март – Денот на екологијата, Општина Гостивар ги промовираше Еко-патролата и мобилниот апарат за мерење на загадувањето на воздухот. Целта на одбележувањето на Денот на екологијата е подигнување на свеста кај граѓаните од сите возрасни групи и категории, зачувување на животната средина и природата, како и подигнување на нивото на одржување на чистотата, рече во оваа пригода градоначалникот Арбен Таравари.

„Еко-патрола се формира за прв пат во градот Гостивар, додека годинашниот буџет за екологија е зголемен за пет пати повеќе од претходните години. Направивме многу во однос на заштитата на животната средина и така ќе продолжиме. Од друга страна, мобилниот апарат ќе ни овозможи точно мерење и откривање на загадувањето на воздухот. Општина Гостивар со овој апарат ја финализира мрежата на уреди сместени на повеќе локации за мерење на аерозагадувањето“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Зуди Џелили – одговорен во Одделението за екологија при Општина Гостивар објасни дека Еко-патролата е составена од десет члена, волонтери на еколошки здруженија од градот,со можност истата да се институционализира во иднина.

„Се надеваме во иднина да ја институционализираме еко-патролата затоа што знаете дека владата најаваи исто така вовердување на еко-полиција и ние упте отсега се подготвуваме“, изјави Зуди Џелили – одговорен во Одделението за екологија при општина Гостивар.

Апаратот за мерење на загадувањето кој се промовираше е донација од трговското здружение „Информ“ од Скопје. Претставникот на ова здружение, Сашо Рафајловски, истакна дека ваков уред,Гостивар добива по главниот град, преку кој нема да се мери само нивото, туку и видот и местото каде има поголемо загадување.

„Станува збор за апарат кој за прв пат се поставува како таков во Македонија според европските стандарди потребни за мерење на загадувањето на воздухот. Тоа е подвижна мерна станица која го мери загадувањето во реално време, односно аерозагадување, од каде може да се открие и кои се потенцијалните загадувачи, во кое време изошто е загаден воздухот на одредено место, а општината потоа презема соодветни мерки согласно надлежностите“, изјави Сашо Рафајловски, од Информ “ Скопје.

Волонтерите од Еко-патрола ќе бидат обучени од невладината организација „Еко Герила“ од Тетово, чиј претседател Аријанит Џафери учествуваше во промоцијата на истата. Дел од активноста беше и Џабир Дерала од „Цилив“, кој вети безрезервна поддршка во однос на заштитата на животната средина во Гостивар.

Инаку, одбележувањето на Денот на екологијата беше планирано да се заокружисо активност за засадување на 100 дрвца во градот, но поради атмосферските услови, дрвцата обезбедени преку граѓани и донации, ќе бидат засадени во наредните денов

Служба за информирање