Д-р Арбен Таравари, на функцијата градоначалник на Гостивар дојде на 02.11.2017 година, по победата на локалните избори д 29.10.2017 година.

На 1 јуни 2017 година беше назначен за министер за здравство во Владата на Република Македонија, функција која ја вршеше до 31.10.2017 година.

Д-р Арбен Таравари е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје.

Роден е на 9 април 1973 година во Гостивар. Во 1998 година дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во 2006 година заврши специјализација за неврологија на Универзитетската клиника за неврологија. Втората специјализација за семејна медицина на Медицинскиот факултет, Универзитет “Свети Кирил и Методиј”, ја заврши во 2011 година.

Во 2011 година ја одбрани докторската дисертација во областа на Паркинсонова болест, а од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

За време на неговото работно искуство, д-р. Арбен Таравари бил претседател на одборот на Одделот за екстрапирамидални болести – Универзитетска клиника за неврологија;

Раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми, Универзитетска клиника за неврологија;

Претседател e на одборот, Клиника за неврологија, Универзитетска клиника за неврологија, како и член на одборот на медицинското списание “Меdiicus” и “Vox Medici”.

 

Контактирајте не:

arben.taravari@gostivari.gov.mk