Заедничка декларација на НВО “Центар за Европски Развој” со кординатор Валбон Лимани и Општина Гостивар

Со цел поддршка на Република Северна Македонија при справување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, амбасадорката Анке Холштајн потпиша договор за донација со г-динВалбон Лимани, проект координатор на НВО “Европски центар за развој, толеранција и соработка” за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Гостивар.

Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

Македонските здравствени установи можеа да ги искористат овие средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила. Со потпишување на овој договор, кој е имплементиран од НВО “Европски центар за развој, толеранција и соработка” и логистички поддржан од Општина Гостивар, ЈЗУ Здравствен Дом-Гостивар ќе добие амбуланстко возило Волсфаген Крафтер во вредност од 38 331 евра.