Започнаа работите за инклузивниот социјален парк во големиот парк на Гостивар

 

Во рамките на големиот градски парк, започнаа работите за изградба на инклузивен парк со површина од 675 метри квадратни, каде децата, вклучително и оние со посебни потреби, ќе се дружат и ќе играат заедно.

Инклузивниот социјален парк ќе се уреди со татран заради безбедноста на посетителите и ќе биде опремен со безбедни игри и реквизити со високи стандарди.

Овој пројект доаѓа како резултат на апликацијата со овој проект од страна на Општина Гостивар до Бирото за регионален развој на Полог и Министерството за труд и социјална политика.