Започнува имплементацијата на проектот CoWork за поддршка на млади претприемачи

24.08.2020

Проектот CoWork, кој е финансиски поддржан од Општина Гостивар, организација Ворлд Чикаго од САД, како и локалната компанија Лаки Медија, влезе во фаза на спроведување.

CoWork – Гостивар на организацијата YEP е Заеднички центар за работа (Coworking Space) создаден специјално за поддршка на млади претприемачи, како и за оние кои работат од дистанца, за разни компании (Remote Work).

CoWork е модерен и иновативен простор што ќе ги мотивира младите претприемачи да направат чекор напред во својата професионална кариера. Членови на просторот можат да бидат од различни професии, како што се правници, сметководители, маркетинг менаџери, архитекти, фотографи, видео-едитори, консултанти, како и струку кои се тесно поврзани со дигиталните трендови.

Долгорочна одржливост на проектот ќе се обезбеди преку симболична  членарина што ќе се плаќа за користење на просторот, како што се: приватна маса, оптички интернет, електрична енергија, сала за состаноци, кујна, одржување, печатење, лична фиока итн.

Општина Гостивар ќе продолжи со поддршка на проекти насочени кон унапредување на статусот на младите и спречување на нивно иселување.

Служба за информирање