ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во петок ќе се изврши првата терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Гостивар

16.06.2020

Се известуваат граѓаните дека на 19.06.2020 (петок), ќе се изврши првата терестичка дезинсекција во подрачејто на Гостивар за уништување на возрасните комарци и останати штетници.

Дезинфекцијата ќе се изведе навечер, после 24:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови.

Локациите каде што ќе се врши терестичка дезинфекција, се следните:
Ул. “Живко Брајкоски” – Градски парк од левата страна на реката Вардар, ул. “М.Ч. Филипоски” – Градски парк од десната страна на реката Вардар, Градска болница, ул. “ЈНА” до Здуњска раскрсница, коритото на реката Вардар во атарот на село Равен, каналот од Здуњска раскрсница – Шетса зона – Малеарди – ул. “Борис Кидрич“ – ул. Беличица до населба Фазанерија – населено место Бањица – Булевар “Браќа Ѓиноски“, преку градски плоштад до излезот на градот кон село Чајле се река Јахорка во село Форино.

Во случај на време со дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или било кој друг ден со поволни временски услови.За дезинсекцијата ќе се употреби средството Aurodil во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба во однос 50 мл/5 л. Раствор.

Се молат одгледувачите на пчели да ги преземат соодветните мерки за заштита, значи да ги засолнат пчелите во нивните сандаци, да обезбедат потребна количина на вода за држење на пчелите затворени минимум 5-6 часа пчела по третманот на подрачјето.
Дезинсекцијата ќе ја изведе Д.П.Т.У. ПЛАНТ МЕДИКА

Служба за информирање