Известување по Проектот ReLOaD

Почитувани,

Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) ,ве известуваме дека во наредиот период на планот на активности се предвидени менториски сесии за сите граѓански организации. Менторските сесии се организираат со цел преку консултации да им се помогне на организациите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик, во проверка дали проектите се подготвени согласно со насоките од јавниот повик и да им се појаснат или дообјаснат одредени работи кои можеби не биле покриени со обуките а кои им се неопходни за да го подготват целосно проектот. За општина Гостивар планирано е да се оддржат 4 менторски сесии и тоа за следните дати:

12 ноември 2018 (понеделник)

13 ноември 2018 (вторник)

23 ноември 2018 (петок)

4 декември 2018 (вторник)

Ги замолуваме сите Граѓански организации да се пријават намајлку три дена пред почетокот на секоја менотрска сесија, и да наведат на која дата сакаат да учествуваат.( може да учествуваат на повеќе од една менторска сесија). Точната дата за учество ни е потребна со цел менторoт да може навремено да ги испланира своите посети по сите пет пилот општини од овој проект.

Пријавувањето за сесиите може да го извршите кај лицето задолжено за координација со невладиниот сектор во општина Гостивар –

Dashmir Osmani – dashmir.osmani@gostivari.gov.mk