ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради сообраќајната трагедија, се откажуваат сите манифестации планирани за ноемвриските празници.

23.11.2021

Поради трагедијата во Софија (Бугарија), каде во сообраќајна несреќа животот го загубија 46 граѓани на Република Северна Македонија, се откажуваат сите активности и манифестации планирани од страна на Секторот за јавни дејности при општина Гостивар.

Градоначалникот на Гостивар, општинските советници и општинската администрација изразуваат искрено сочувство до семејствата на загинатите и ја споделуваат болката со нив, а на преживеаните им посакуваат што побрзо оздравување!