Координативна средба со директорите од основните и средните училишта во Гостивар

01.04.2020

Со цел вклучување на што повеќе ученици во онлајна настава во изолациони услови, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и одговорната за образование, Аслиан Снопче, денеска се сретнаа со директорите на гостиварските општински основни и средни училишта.

Директорите информираа околу активностите што се преземаат во моментов, како и за проблемите со кои се соочуваат наставниците и учениците при спроведување на учењето преку интернет. Со оглед на тоа што во моментов не постои унифицирана платформа за спроведување на ваков вид настава, и поради тоа што владата не изготвила акционен план, а се доцни и со снабдувањето со соодветна технолошка опрема за уеници кои доаѓаат од семејства со социјално загрозен статус, наставниопт процесот се одвива со големи проблеми, но сепак опфатеноста на учениците достигнува до околу две третини.

Градоначалникот Таравари им честиташе на директорите и на наставниот кадар што со максимална посветеност, успеваат барем учениците да не ја изгубат навиката на ангажман и следење настава, и посака епидемијата на коронавирусот во нашата земја успешно да се надмине и кон средината на наредниот месец, да се продолжи со редовна настава.

Додека низ училиптата не се држи редовна анстава, времето ќе се искористи за извршување на планираните работи во училишните згради, а една недела пред да се продолжи со настава, истите ќе бидат целосно дезинфицирани.

Служба за информирање