Нов цевковод во две населби на село Равен гостиварско

18.12.2018

Дотарениот цевковод за водоснабдување во две населби на село Равен, деновиве беше заменет со нов, со што завршија проблемите со снабдувањето со вода за пиење на локалните жители.

“Во две населби во село Равен, поради дотраеност на цевките, ни се појавуваа чести дефекти, односно доаѓаше до пукање на цевките, кои што од време на време предизвикуваа прекини во водоснабдувањето. Овие денови интервениравме и го заменивме цевководот во два крака едниот со должина од 120 метри и другиот со должина од 70 метри, со што ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење од градскиот водовод”, инфомира директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Тој додава дека јавното претпријатие со кое тој раководи, благодарение и на безрезервната помош на Општина Гостивар, досега во повеќе наврати има интервенирано во водоводната мрежа, и ќе ги преземе сите чекори во согласност со својот капацитет за да се подобри квалитетот на услугите во водоводната и канализационата мрежа, како и другите услуги што им ги нуди на граѓаните на Општина Гостивар.

Служба за информирање