Одлуката на мнозинството во Советот, ја остави во мрак спортската сала “Риниа” – Гостивар

21.06.2018

Одлуката на мнозинството членови на Советот на Општина Гостивар, на петтата седница гласаше против доделување на субвенции на ЈПССО “Риниа“ од страна на Општина Гостивар.

Во ова претпријатие во шии што рамки функционира спортската сала каде што спортските активности ги вршат спортските клубови од Гостивар и околината, претходното општинско раководство создаде огромни неподмирени обврски кон ЕВН, за потрошена електрична енергија.

И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација во ЈП “Риниа”, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување на субвенции во висина од 500.000 денари на ова претпријатие, наменети за плаќање на електрична енергија, како последица од тоа ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак.

Се поставува прашање, каде советниците на ДУИ и и нивните партнери, во случајов го гледаат интересот на граѓаните на кој постојано се повикуваат.

Служба за информирање