Општина Гостивар ги оттранува последиците и спречува поплави во повеќе населени места

,

03.04.2018
Брзото топење на снегот поради високите температури, придружено и со врнежи од дожд, резултираше со последици во некои делови од градот и во селата. Но, интервенцијата на Општина Гостивар беше брза и ситуацијата се става под контрола.
Екипи од Јавното претпријатие “Комуналец” интервенираа во сите населени места каде што постојната канализациона мрежа нема капацитет да го прифати сиот прилив на атмосферските води што ги зафатија улиците, а како превентивна се чистат многу канали и потоци за да се спречи прелевање од коритата и да се спречи поплавувањето на куќите.
Населбите Бањешница и Грудајца, како и селата Форино, БВалиндол и Мало Турчане беа најзагрозени, па затоа овие два дена се интервенираше токму во овие населени места.
Општина Гостивар има формирано кризен штаб, кој што во континуитет ја следи состојбата на теренот.
Слуќба за информирање