Општина Гостивар подготвена да се справи со невремето кое не очекува

09.01.2018

Според временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи и по препорака на Владата на Република Македонија, Општина Гостивар ги врши сите потребни подготовки за справување со лошото време кое не очекува, проследено со обилни врнежи од снег и ниски температури.

Со цел преземање на благовремени превентини активности за намалување на последиците од најавената временска нестабилност, известени се раководствата на месните заедници на територијата на општината.

По потреба, покрај операротрот за зимско одржување на улиците и локалните патишта, ќе бидат ангажирани со полн капацитет и јавните претпријатија и противпожарната единица.

Општинскиот кризен штаб ќе биде во постојана соработка со Регионалниот штаб за управување со кризи.

Вреди да се напомене дека сите улици и локални патишта на подрачјето на општинa Гостивар се проодни и сообраќајот се одвива без потешки проблеми. Улиците и пaтиштата редовно се чистат од снег, а при пад на температурите постојано се посолуваат.

За поуспешно справување со состојбата, се молат граѓаните и правните лица, да ги почитуваат нoрмите пропишани со закон за вакви услови.

Служба за информирање