Општина Гостивар подели новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби

29.12.2020

Истоа како и во изминатите две години, и оваа година Општина Гостивар подели 300 новогодишни пакетчиња за децата и лицата со посебни потреби на територијата на Гостивар. Новогодишни пакетчиња им беа поделени на Специјализираната паралалека од ООУ “Мустафа Кемал Ататурк“, Специјализирана паралелка од ООУ “Имсаил Ќемали“, Здружението на лица со посебни потреби “Заедно можеме“, Здружението на слепи и лица со оштетен вид “Реалност“, Здружението на глувонеми лица “Тишина“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар.

Афердита Мислими – Хамза, раководител на Секторот за социјална заштита при Општина Гостивар, посака следната година да биде подобра од тековната година која ќе остане запаметена поради пандемијата.

“Со посетата на овие здруженија испраќаме порака дека Општина Гостивар е секогаш во поддршка на овие луѓе, планирајќи и создавајќи што посоодветни услови во просторите каде што ги имаат седиште овие здруженија“, изјави за медиумите раководитрелката Афердита Мислими – Хамза.

Од здруженијата потенцираа дека за три години, општинското раководтство ги има реализирано сите нивни барања.

Карванот за поделување на новогодишни пакетчиња на Општина Гостивар ќе продолжи до последниот ден од годинава.

Вреди да се напомене дека овој мандат ќе се заокружи со исклучително подобри услови за овие луѓе. Следната гониа овие лица

ќе бидат сместени во нивниот Центар, кој е прв од ваков вид изграден во полошкиот регион, заедно со Центарот за аутизам.

 

Служба за информирање