Општина Гостивар преку ЈП „Комуналец“ гради канализациона мрежа во Големо Турчане – Лопушник со должина од 1300 метри

19.08.2020

Општина Гостивар интензивно спроведува разни инфраструктурни проекти на својата територија.

Се гради канализацијата во повеќе градски населби и во руарлни средини. Денес започна изградбата на канализациона линија во село Големо Турчане – Лопушник  долга 1300 метри. Ова е инвестиција на Општина Гостивар, а работите ги врши Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар.

– Воочивме дека има потреба од ваква интервенција заради несоодветниот третман од страна на претходната локална власт, која дури и во ова време остави многу населени места без соодветна инфраструктура. Затоа, ја презедовме оваа градежна активност со цел да обезбедиме квалитетна вода, канализација и слично, без кои населението тешко живееше. Изградбата на канализационата мрежа ќе овозможи поврзување на многу постојни куќи кои до денес немале канализациона мрежа, co што ќе се обезбеди хигиена и сигурност на животот за жителите од оваа населено место “, вели Валбон Лимани – шеф на кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Развојот на водоводната и канализационата мрежа продолжува со забрзан интензитет за да се обезбедат подобри услови за живот за сите граѓани на Гостивар, без оглед на тоа дали живеат во градот или во селата.

Вреди да се спомене дека за помалку од три години мандат, Општина Гостивар има изградено над 47 километри канализациона мрежа.

Служба за информирање