Општина Гостивар се збратими со турската општина Килис

26.11.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и градоначланикот на општина Килис од Република Турција, Хасан Кара, денеска потпишаа договор за соработка и збратимување на двете пријателски општини.

По потпишувањето на договорот, на заедничка прес-конференција, Таравари и Кара истакнаа дека двете општини се се обврзуваат врз основа намеѓусебно почитување, воспостават разни форми на соработка, размена на идеи за спроведување на проекти со заеднички интерес во економијата, културата, образованието, туризам, спорт, заштитата на природно и културно наследство.

Забележливо беше тоа што двајцата градоначланици имаа идентични вратоврски, при што Таравари објасни дека истото се случи и при посетата на градоначалникот на Света Недеља од Хрватска, и дека има намера ова да прерасне во традиција, во чест на меѓусебна почит при средбите со градоначалниците на збратимени општини да носи идентична вратоврска со гостинот.

Гостите од Турција за да му ја честитаат годишнината од успешното раководење со општина Гостивар, му имаа подготвени изненадувае, торта со една свеќа.

Служба за информирање